Две фудбалски легенди од поранешните југословенски простори ги оживеаја спомените на средба во Скопје. Илија Најдоски и Аљоша Асановиќ се сретнаа токму го главниот град на Македонија, а Хрватот е дојден во посета на ФФМ.
Најдоски играше за Вардар и за Црвена Звезда во поранешната југословенска фудбалска лига, додека Асановиќ ги бранеше боите на Хајдук. Двајцата имаа многу дуели на терените и добро се познаваат, а сега после долги години се сретнаа во Скопје.