И Босна остана без селектор!

143

Прославениот хрватски ракометар и селектор Ирфан Смајлагиќ повеќе не е селектор на Босна и Херцеговина, објави вечерва на својата интернет страница ракометниот сојуз на оваа земја.

„Прославениот ракометар и тренер постигна заеднички договор со Ракометниот сојуз на БиХ за раскинување на соработката“, се наведува во соопштението.

Ракометната федерација на Босна и Херцеговина објасни дека ваквата одлука е донесена по заедничка анализа со селекторот, при што било утврдено дека има различни мислења за проектот за иднината на националниот тим. Смајлагиќ имаше договор со ракометниот сојуз на Босна и Херцеговина до октомври оваа година, но договорно беше раскинат.

Смајлагиќ ја презеде репрезентацијата на БиХ во септември 2022 година, наследувајќи го Ивица Обрван. Тој ја предводеше репрезентацијата до третото последователно Европско првенство во ракомет, каде забележа три порази и тоа од Шведска, Холандија и Грузија, завршувајќи како последнопласирана селекција на ЕП.

ПретходноКадетите од четвртиот шешир ќе ги чекаат противниците за ЕП 2024
СледноТодоровски во тимот на колото во Романија