Тиаго Алкантара најверојатно ја заврши сезоната. Ова за новинарите денеска го потврди и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
„Не знам што Алкантара треба да направи од медицинска гледна точка. И не знам дали ќе може повторно да игра оваа сезона. Не можам да кажам ништо повеќе за него и неговата повреда, затоа што никој не може со сигурност да потврди ништо“, вели германскиот стратег.
Алкантара е надвор од терените долго време по серијата повреди во последните две сезони.