Македонската репрезентација во традиционално карате освои 21 медал во Крушевац

89

Македонската репрезентација во традиционално карате оствари огромен успех на ИТКФ/ЈКА Европскиот куп во Крушевац, Србија освојуваќи вкупно 21 медали (8 златни, 3 сребрени и 10 бронзени медали).

Најуспешна наша натпреварувачка беше Камелија Недев која освои 6 златни и еден сребрен медал во поединечна и екипна конкуренција.

Први места освоија: во кадетска конкуренција Камелија Недев и Матеј Мангаровски во енбу, Камелија Недев освои златни медали во кати, џиу ипон кумите поединечно како и две први места во ката тим и џиу ипон кумите тим заедно со Софија Јарчевска, Срна Вапски и Ива Спасеновска.

Во јуниорска конкуренција Камелија Недев, Ива Ромевска и Матеј Мангаровски освоија сребрен медал во ката тим. Филип Недев освои прво место во кати за деца, Лука Крстевски, Дамјан Трајковски и Александар Зафировски освоија прво место во џиу ипон кумите тим за деца.

Ката тимот Филип Недев, Ѓорѓи Кокорманов и Војдан Паламидовски освои второ место а трети во ката тим освоија Максим Поп Трпев, Димитар Дангов и Марко Илиевски. Ива Ромевска во јуниорска конкуренција освои второ место во кого кумите.

Најмладиот напреварувач Тадеј Недев освои две трети места во ката и кихон за деца 5-6 години. Со Почит МТКФ

ПретходноПавле Данилов им се врати на победите, нов формат на снукер првенството!
СледноЏеков им подари гол на Босанците – катастрофална грешка на младиот голман (видео)