Надежите поразени од БиХ на пријателски меч

632

Македонската репрезентација до 19 години е поразена од соодветната селекција на Босна и Херцеговина со 0:2 на првиот од двата пријателски мечеви кој се одигра на стадионот на ФФМ. Босанците поведоа во финишот на првиот дел по големата грешка на голманот Џеков. Нашиот чувар на мрежата место да ја подаде на своите соиграчи ја подаде на напаѓачот на Босанците, Хабзиќ кој стрелаше прецизно.
Во второто полувреме Босанците го зголемија водството, по акцијата по десната страна топката дојде до Чамбер кој без проблеми ја смести топката во голот.

Македонија: Теодор Николовски, Андреј Аризанковски, Никола Величковски, Фикрет Ливорека, Димитар Данев, Љупче Џеков, Лорик Мухтари, Хадис Таири, Марко Стојилевски, Давор Серафимов, Лорик Каба Јакупи;

Резерви: Петар Јакимов, Максим Славков, Никола Манојлов, Никола Талески, Амир Нухија, Андреј Велков, Дино Михолов, Ѓорѓе Џеков, Донарт Беџети;

Селектор: Тони Јакимовски;

Џеков им подари гол на Босанците – катастрофална грешка на младиот голман (видео)

ПретходноЏеков им подари гол на Босанците – катастрофална грешка на младиот голман (видео)
СледноХрватската легенда Асановиќ во Скопје на средба со претседателот на ФФМ, Сејдини