Турците тврдат: Ребиќ е отпишан!

1233

Тренерот на Бешикта, Фернандо Сантос го отпиша Анта Ребиќ, а хрватскиот напаѓач ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, пишува турски Фанатик. Ребиќ не беше дел од тимот на Сантос на последните два првенствени натпревари против Коњаспор (2:0) и Истанбулспор (2:0), што може да значи дека португалскиот тренер не смета на него.

Затоа, Ребиќ би можел да бара нов клуб во следниот преоден рок само една година откако дојде во Бешикташ од Милано. Во текот на летото 2023 година тој потпиша двегодишен договор кој според Фанатик му носи 2,5 милиони евра по сезона, додека по потпишувањето доби бонус од 280.000 евра.

Но турските медиуми често имаат погрешни информации, па останува да видиме што ќе биде со Ребиќ. Сезонава забележа 23 настапи, еден гол и пет асистенции. Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на 4,2 милиони евра.

Претходно во кариерата настапуваше за РНК Сплит, Фиорентина, РБ Лајпциг, Верона, Ајнтрахт Франкфурт и Милан. За хрватската репрезентација има 42 настапи и три гола, но за нив нема играно од Европското првенство во 2021 година кога го критикуваше селекторот Златко Далиќ кој оттогаш не го повикал.

ПретходноПоследна надеж за ПСЖ и Мбапе е Макрон!
СледноНа Барселона и нудат милиони за фудбалерот од Кустошија, прв во редот е Арсенал