Репрезентацијата на Македонија до 19 години игра пријателски меч со соодветната селекција на БиХ на стадионот Петар Милошевски при ФФМ. Босанците на полувреме водат со 1:0 искористувајќи го бледото издание на нашиот тим.
Во 43 минута нашиот голман Љупче Џеков се обиде да додаде до некој од соиграчите од одбраната, но наместо тоа му ја подаде топката на Муамер Хабзиќ, а напаѓачот на БиХ ја затресе мрежата.
Почетничка и несфатлива грешка на голманот.