Порто ја запиша четвртата победа оваа сезона во Лигата на шампиони, откако на последниот меч на домашен терен славеше против Целје со 32-30 (14-11). Португалскиот тим на оваа средба, особено во првото полувреме одржуваше предност благодарение на Никола Митревски.
Капитенот на македонската ракометна репрезентација во првото полувреме имаше десет одбрани, додека на крајот зад неговото име запиша 14 интервенции. Антонио Ареја со девет гола од десет обид беше прв стрелец.
Порто остана седми на табелата во групата Б со осум бода, еден помалку од Висла. И на овој начин ги задржа шансите да го фати последното место кое води во осминафиналето. Токму на гостински терен кај Висла самите ќе одлучат дали ќе одат во следната рунда.