По фантастичните партии во дресот на Јувентус во последно време, Душан Влаховиќ е трансферна цел на многу европски гиганти. Тој со клубот од Торино има договор до 2026 година, со плата која од сезона во сезона расте. Па така сега тој зема 10 милиони евра, а во последната сезона ќе земе 12 милиони.
Како што медиумите во Италија пренесуваат а посебно влијателната “Газета“, раководството на Јуве нема намера да го пушти Србинот па така тој имал веќе понуда на маса и тоа за до 2028 година, целта е се потпише нов договор, се разбира финансиски подобар од тој што го има во моментов.