Абиола Бамијоко е нов член на Сондерјиске

489

Македонскиот младински репрезентативец и интернацииналец Абиола Бамијоко е нов член на тимот на Сондерјиске од Данска. Клубот каде што веќе настапуваат и тоа со успех уште двајца наши репрезентативци, Сефер Емини односно Иван Николов, добива и трет член од Македонија.

Бамиојоко е наш У19 репрезентативец кој за пошироката јавност е познат по тоа што го доведовме од Финска, каде што е и роден и каде што ги направи првите фудбалски чекори. Замина сензационално во Сампдорија, односно во Примавера тимот на клубот од Серија А, за да потоа се врати во домашниот шанпионат на Финска, и одигра полусезона. Сега, амбициозниот второлигаш од Данска, кој што веќе со една нога, со оглед на состојбата на табелата е во „елитата“ му дава шанса на младиот стопер кој игра со лева нога и е висок 193. сантиметри.

„Па како може да не бидам задоволен. Пресреќен сум. Имам шанса да бидам дел од екстра амбициозен клуб, кој што со традиција вложува во млади играчи и им дава сериозна минутажа. Убеден сум дека сум на вистинското место, и во клуб во кој што ќе можам да напредувам максимално. Голема, огромна благодарност до мојот менаџер Александар Бајевски и АБ менаџмент агенцијата без која јас немаше да бидам тука. Ветувам на целата Македонска јавност дека ќе работам максимално ангажирано и дека ќе се наметнам многу бргу во првиот тим, а потоа со добри игри и настапи ќе стигнам и до А репрезентацијата на Македонија“, ни изјави Абиола Бамијоко.

ПретходноМарко Ројс одбил продолжување на договорот со Борусија Дортмунд
СледноКошаркарите со скок од четири места на најновата ранг-листа на ФИБА