Пелистер го запиша 13. пораз во Лигата на шампиони, откако на домашен терен беше совладан со 28-33 од Алборг. Иако неговиот тим беше поразен, сепак Бранислав Ангеловски не заборави да им се заблагодари на ракометарите и секако на публиката која ги бодреше своите навивачи во текот на целиот меч.
„Честитки за противникот за заслужената победа. Одигравме одличен натпревар. За да се победи тим како Алборг треба ние да дадеме 100% од нашите можности, а противникот да нема свој ден. Но, тоа не се случи, и Алборг покажа зошто со Кил се најдобрите екипи во оваа група.
Исто така, сакам да им се заблагодарам на нашите навивачи, за нивната поддршка во текот на сите 60 минути. Тие ние беа ветер во грб, кој ни е многу важен. Честитки и до моите момци за одличното издание. Верувајте не е лесно да се игра во ритам среда-сабота и со патувања и со многу силни противници. Вечерва имавме и неколку промашени зицери и технички грешки, кои доколку игравме против послаба екипа немаше да се почувствуваат, но Алборг ги искористи сите наши шанси“, рече Ангеловски по мечот.