Уште една лоша вест за фановите на Барселона, како малку да им се оние лоши вести со финансиската ситуација во клубот и лошите резултати сезонава на тимот на Чави Ернандез кој по завршувањето на сезоната ќе ја напушти клупата.
Имено три ѕвезди на тимот во јуни си одат од Барселона и се селат во клубови во С. Арабија.
Тоа се Роберт Левандовски, потоа Марк – Андре Тер Штеген и Рафиња. Сите тие имале баснословни понуди од С. Арабија и според медиумите во Каталонија имале намера истите да ги прифатат.
Секако дека ова ќе биде, ако биде, голем удар за амбициите на клубот за наредната сезона.