Раководството на Ливерпул директно ги контактирало колегите на чело на Баер (Леверкузен) за Чаби Алонсо, открива „Билд“.
Тоа доаѓа по информациите во последните денови дека англискиот клуб веќе разговарал со самиот Алонсо со цел да го убеди да го прифати предизвикот да го наследи Јирген Клоп од ова летото.
Во принцип, Шпанецот има договор со Баер на уште две сезони и неговиот клуб верува дека ќе го одбие Ливерпул.
Не се потврдени гласините дека Чаби Алонсо има клаузула во договорот која му овозможува да си замине без обештетување во случај на понуда од Ливерпул, Баерн (Минхен) или Реал Мадрид.