Дали е ова најдобрата шутерска серија во историјата на кошарката?! (ВИДЕО)

2112

Веќе информиравме дека Кливленд со шутот на Макс Струс од 18 метри со звукот на сирената го победи Далас утринава со 121:119. Бадијала тие 45 поени на Лука Дончиќ кој одигра фантастична партија.

Сепак Струс е тема на денот. Кошаркарот на Кливленд во самиот финиш на средбата, поточно во последните четири минути упати пет шута со три поени, погледнете го видеото, и на сите беше прецизен. А долго, долго ќе се раскажува за тројката во последната секунда за победа.

Некои познавачи на кошарката се прашуваат дали оваа шутерска серија на Стру е најдобрата во историјата на кошарката или во историјата на НБА.

Допрва за тоа ќе се знае, но тоа што го направи Струс е за аналите.

Вкупно постигна 21 поени и сите од три поени, во текот на мечот имаше 7/10 а во последните четири минути имаше 5/5 шутеви за три поени.

ПретходноВлаховиќ потпишува нов договор со Јуве!
СледноНи Премиерлига, ни Бундеслига: Еве која лига е по вкусот на Јирген Клоп!