Повеќе од една деценија Манчестер Јунајтед е далеку од она што беше, а беше најдобар клуб на Островот и еден од најдобрите и најголеми во светот, ама тоа беше во времето кога менаџер беше Алекс Фергусон.
Сега веќе не е така.
Во саботата во меч од ПЛ, Јунајтед на свој терен беше сензационално поразен од Фулам со 1:2. И место да сфатат како тоа ги разочарале своите фанови, дел од нив побарале од менаџерот Ерик Тен Хаг слободен ден со цел да се одморат по поразот.
Холанѓанецот бил шокиран од ова барање на своите играчи, јасно е дека не им дал слободен ден.