Изненадувачки потег: Барселона му понуди на Чави да остане уште една сезона

943

Тренерот на Барселона Чави Хернандез добил неофицијална понуда да остане на чело на тимот и во следната сезона, открива „Спорт“. Пред само еден месец специјалистот најави дека ќе си замине на крајот на сезоната. Тој дури прецизираше дека одлуката ја донел многу порано и нема да ја менува.

Сепак, се чини дека во овој последен месец управата на Каталонците дошла до заклучок дека според околностите најдобро би било Чави да продолжи да го води тимот, а во принцип има договор до летото 2025 година. Неформалната понуда до тренерот дојде од потпретседателот Рафа Јусте, а претходно беше договорена и со претседателот Жоан Лапорта.

Чави ја презеде Барса во ноември 2021 година и го предводеше тимот до шампионската титула во Шпанија во сезоната 2022/23. Сепак, во тековната сезона Каталонците не се толку убедливи и моментално се на 8 бода од врвот.

ПретходноРоналдо се правдаше за потегот со кој предизвика скандал во Саудиска Арабија (ВИДЕО)
СледноГол-шоу на Наполи, хет-трик на Осимен!