Кил во Сегед завери место во четвртфиналето во ЛШ

81

Кил се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако на претпоследниот меч од групната фаза славеше кај Пик Сегед на гости со 27-28. За Бундес-лигашот ова беше деветти триумф, има 20 бода и се наоѓа на првото место на табелата во групата А. Со оглед на тоа дека на последната средба на домашен терен го пречекува ППД Загреб, Кил ќе заврши како првопласиран тим.

Унгарскиот тим „лавовски“ се бореше на оваа средба која имаше неизвесна завршница, но Јохансон ги постави конечените 27-28. Токму овој играч со осум гола беше лидер кај гостите. На другата страна ист број на погодоци имаше Шостариќ.

На втората средба од истиот термин, но од групата Б, Гог и Висла одиграа без победник 32-32.

 

ПретходноХрватска ја закажа промоцијата на новиот селектор, кој ќе заработува 350 илјади евра годишно!
СледноВо Ливерпул се сериозни, затропаа на вратата на Баер