Она што Ерлинг Халанд синоќа го направи на гостувањето кај Лутон (2:6) во рамките на ФА Купот може да се каже дека е нешто фантастично.
Монструзона голгерерска партија со пет голови.
Во сенка тој негов потфат остана забележано дека Кевин Де Брујне имаше четири асистнции, сите до Норвежанецот, а Халанд покажа дека знае да го почитува својот соиграч:
“Ма, погледнете што прави фантастичниот Де Брујне, секако дека тој имаше големо внимание на моите голови. Задоволство е да се игра со него. Тој е паметен дечко и јас сакам да играм со така паметни фудбалери“ изјави покрај другото “монструмот“ Халанд.