Незапирливиот Интер ја „демолираше“ Аталанта и продолжи да „маршира“ кон титулата!

186

Фудбалерите на Интер вечерва ја декласираа Аталанта со 4:0 во 21. коло од италијанската Серија А и продолжија да маршираат кон новото Скудето.

Аталанта успеа да го замолчи Меаца во 11. минута кога Де Кетелаер поведе со 1-0, но тој гол на крајот беше поништен.

Матео Дармијан донесе водство за домаќинот во 26.минута, а Лаутаро Мартинез пред крајот на првиот дел зголеми 2-0. Во 54. минута Ди Марко беше стрелец на третиот гол, а конечните 4-1 ги постигна Давиде Фратези во 72.минута од мечот.

Интер е убедливо прв на табелата во Серија А со 69 бодови и има дури 12 бода повеќе од второпласираниот Јувентус. Од друга страна, Аталанта е петта со 46 бодови.

ПретходноФА Куп: Челзи со победнички гол во 90+1.минута се пласираше во следната фаза(ВИДЕО)
СледноФА Куп: “Градинката“ на Клоп го декласираше Саутемптон, во 1/4 финалето се и Јунајтед и Вулверхемптон!(ВИДЕО)