Јирген Клоп по завршување на сезоната и дефинитивно си оди од Ливерпул. Германецот полекам но сигурно станува икона во “Редси“ и тие и тоа како ќе го паметат. Се знае и зошто, им донесе трофеј во ЛШ и донесе пехар во Премиерлигата по цели три децении.
Инаку ќе се изненадите која лига е по вкусот на Германецот, кои мелеви сака тој со посебно задоволство да ги гледа.
Тоа не се натпреварите од Премиерлигата, ни од Бундеслигата, упте помалку тие од Ла Лига или Серија А.
“Уживам кога ги гледам мечевите од Чемпионшип. Тоа првенство многу ми се допаѓа. Минатата недела го следев мечот меѓу Лидс и Лестер, тој интензитет е луд. Има таму клубови кои и тоа како играат многу добар фудбал. Втората лига во Англија е неверојатна“ посочи Клоп.