Подолго време, барем така се шпекулира низ светските медиуми, Манчестер Јунајтед бил заинтересиран за Винициус Жуниор, но “кралевите“ немаат намера да го пуштат Бразилецот, кој заедно со Килијан Мбапе во наредните сезони би требало да го предводи нападот на Реал Мадрид.
Последно е тоа дека Јунајтед има и тоа како намера да ангажира вториот Бразилец во нападот на Реал, а тоа е Родриго. Со оглед на тоа дека со доаѓањето на Мбапе, а се најавува и Халанд, тогаш јасно му е и на Флорентино Перез дека мора нешто и да продаде.
Изборот паднал на Родриго, а за овој трансфер во јуни “кралевите“ ќе добијат 150 милиони евра.
Неверојатно!