Изгласан е Законот за спорт – ќе има ваучери за спортските работници

3889

Со 89 гласа за и без ниту еден против, се усвоени промените во Законот за спорт во делот на ваучер-системот односно распределбата на парите во износ од 10 милиони евра кои државата ги дава во македонскиот спорт на годишно ниво.
Измените на законот беше повлечен од седницата на Собранитето, а на крајот спортистите и спортските работници во Македонија и понатаму ќе добиваат државна помош.

„Предлог измените на Законот за спортот се однесуваат на обезбедување на финансиски поттикнувања по основ на директна државна помош за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт, подигнување на спортот на повисоко ниво во нашата земја и остварување на подобри резултати како во домашни рамки така и на меѓународно ниво“, се вели во објаснувањето на промените на Законот за спорт.

Секоја национална федерација е должна прелиминарната бодовна листа на клубовите и на спортистите да ја објави најдоцна до 1 март во годината и да ја достави до Централната комисија на Агенцијата за млади и спорт, која потоа ја проверува, ја одобрува и ја доставува до Советот за спорт.
Таму листата за тоа кој колку пари ќе добие се проверува уште еднаш и потоа се доставува до Службен весник за објава, со што станува конечна.

Процедурата мора да се заврши до 5 април, а во предлог-измените на Законот за спорт не е наведено кога најдоцна спортистите би ги добиле парите.

ПретходноЖенската репрезентација втор пат поразена од Грузија
СледноСудиска анализа: Во ПМФЛ судењето без грешка, во ВМФЛ оштетени Кожуф и Новаци