Хрватска ја закажа промоцијата на новиот селектор, кој ќе заработува 350 илјади евра годишно!

1831

Хрватската ракометна федерација за утре закажа прес-конференција на која ќе биде промовиран новиот селектор. Иако нема потврда, сепак очекувањата се дека тоа ќе биде Дагур Сигурдсон, исландскиот стручњак кој неодамна ја напушти клупата на Јапонија каде работеше како најплатен тренер на светот.

Заработувал околу еден милион евра годишно, а се шпекулира дека доколку дојде во Хрватска би требало да има плата од околу 350.000 евра годишно.

Сигурдсон беше германски селектор од 2014 до 2017 година, а во 2016 година освои европско злато и олимписка бронза. После тоа замина во Јапонија, каде беше најплатениот ракометен тренер во светот.

ПретходноГол-шоу на Наполи, хет-трик на Осимен!
СледноКил во Сегед завери место во четвртфиналето во ЛШ