Цехте пред вечерашниот дуел со Алборг: Ова ќе биде празник на ракометот, Е. Пелистер посакува победа!

115

Вечерва од 20:45 часот во салата “Боро Чурлевски“ во Битола, по се изгледа повторно пред полни трибини, Е. Пелистер го дочекува данскиот гигант, тимот на Алборг. Ова е меч од 13.коло во ракометната Лига на Шампионите во групата – А, воедно и последен на нашиот шампион пред својата публика оваа сезона во ЛШ.

Да се потсетиме дека во изминатите 13 средби тимот на Е. Пелистер не успеа да освои барем бод, па така со нула бодови се наоѓа на последното место на табелата.

Во пресрет на вечерашниот дуел, свој коментар има Нејц Цехте, еден од најдобрите ракометари на битолчани:

Едвај го чекаме почетокот на натреварот. Ова ќе биде празник на ракометот. Ние треба да покажеме дека можеме да се носиме со најдобрите тимови. Посакувам победа, а верувам дека Е. Пелистер може да дојде вечерва до неа. Не треба никако да им дозволиме да играат скандивски ракомет, треба да одиграме цврста одрабана, тие не се снаоѓаат добро кога, жаргонски кажано, противникот ги `тепа`“ рече Цехте и дополни со тоа дека гостите од Данска вечерва ќе видат што е што е вистинско навивање:

На првиот меч ние дозволивме да влеземе во нивниот ритам, вечерва нема да биде така. Ќе видат како е да се игра пред вистинска публика, што е вистинско навивање. Секако дека таквата атмосфера ќе биде нашиот адут. Хансен можеби не е истиот од пред неколку сезони, но и натаму е врвен ракометар. Ние мора да изградиме стил со контакт, тоа на нив никако не им одговара“ истакна покрај другото Цехте.

ПретходноСпоред ФИБА: Победата на Македонија над Полска било најголемото изненадување во февруарските квалификации!
СледноВо Баерн не знаат каде тераат: Сега и Нагелсман бил опција за клупата!