Влаховиќ потпишува нов договор со Јуве!

260

По фантастичните партии во дресот на Јувентус во последно време, Душан Влаховиќ е трансферна цел на многу европски гиганти. Тој со клубот од Торино има договор до 2026 година, со плата која од сезона во сезона расте. Па така сега тој зема 10 милиони евра, а во последната сезона ќе земе 12 милиони.

Како што медиумите во Италија пренесуваат а посебно влијателната “Газета“, раководството на Јуве нема намера да го пушти Србинот па така тој имал веќе понуда на маса и тоа за до 2028 година, целта е се потпише нов договор, се разбира финансиски подобар од тој што го има во моментов.

Претходно“Монструмот“ Халанд: Погледнете што прави фантастичниот Де Брујне!
СледноДали е ова најдобрата шутерска серија во историјата на кошарката?! (ВИДЕО)