Македонската кошаркарска репрезентација во февруарскиот квалификациски прозорез за пласман на ЕП 2025 година запиша пораз на домашен терен и победа против Полска на гостински терен. Добрите игри во Сосновиец ја вратија надежта дека нашата репрезентација може повторно да се врати на европската карта.
Триумфот против Полска ни донесе и напредок на ФИБА ранг листата. Македонија забележа скок од четири места, сега се наоѓа на 24. позиција.
„Во 80-те минути за време на двете февруарски средби, Македонија имаше предност во повеќе од 54 минути игра и забележа една победа и еден пораз. Сигурно Македонците повеќе ќе сакаа победата да дојдеше против директниот квалификациски ривал Естонија отколку против веќе пласираната Полска, но во секој случај се горди на победата. Една работа е сигурна, тандемот Димитријевиќ – Хап ќе биде во главна улога секогаш кога ќе се појави на теренот заедно“, стои на официјалната веб-страница на ФИБА.
И лидер во предокот е Србија, Франција, Летонија, Грција, Италија, Словенија…