Ѓорческа со триумф во првото коло на турнирот во Трнава

85

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна ИТФ фјучрсот во Трнава што се игра за награден фонд од 40.000 долари. Ѓорческа во мечот од првото коло ја совлада квалификантката од Полска Урсула Радванска (33 години, 502.место ВТА), мечот траеше 75 минути и заврши со резултат 2-0 во сетови (63 62).

Во првиот сет македонската тенисерка на почетокот направи предност од два гема (3:1 и 4:2), за потоа сетот да го заврши со 6:3 во гемови. Во вториот сет Радванска поведе со 2:1 во гемови, на што следуваше серија од пет гема за македонската тенисерка која сетот го заврши со 6:2.

Ѓорческа во мечот имаше шест брејка од седум можности,а противничката направи два брејка од три шанси.

Противничка на Ѓорческа во второто коло ќе биде Еала Александра од Филипини која ја „збриша“ втората носителка, Унгарката Ана Бондар со 2-0.

ПретходноКарлос Саинц во 2025 во болидот на Ред Бул?!
СледноМарко Ројс одбил продолжување на договорот со Борусија Дортмунд