Дали Арда Ѓулер заврши со Реал? Турчинот направи потег по кој Анчелоти збесна!

4062
0

Во минатиот летен преоден рок дојде во Реал Мадрид за 20 милиони евра од Фенербахче како еден од најголемите млади играчи во Европа. Повредите го спречија да покаже што знае, а потоа Арда Ѓулер едноставно беше во втор план кај стратегот Карло Анчелоти кој секогаш даваше изјави дека и тоа како младиот играч за врска ќе добие минитажа, кога тој ќе одлучи.

По мечот со Севиља, кога Ѓулер не настапи, тој закажал состанок со Флорентино Перез и му жалел дека нема баш толку добра комуникација со стручниот штаб, дека се чуствува како да е излажан по сите најави дека ќе биде големо засилување.

По ова Карло Анчелоти едноставно збеснал, се знае дека сите проблеми во тимот се решаваат на релација тренер – играч, а не да одиш кај газдата или претседателот и да се жалиш дека тренерот не ти дава шанса.

ПретходноЛина не ја мина втората „пречка“ во Трнава!
СледноДа се смрзнеш: Леброн, Кари, Дурент, Ембид, Тејтум…ова е стартната “петорка“ на САД за ОИ во Париз! (ФОТО)