И официјално Србија доби нов селектор!

648

Најавите се остварија, од денеска и официјално ракометната селекција на Србија доби нов селектор. Тоа е Борис Ројевиќ, тој е наследникот на Тони Џерона кој по дебаклот на последното ЕП доби отказ од страна на Ракометниот сојуз на Србија.

УО на РСС денеска на посебна седница едногласно го избра Ројевиќ за нов предводник на најдобара машка селекција. Тој се наметна како тренер кој со Војводина имаше одлични резултати.

За директор на селекцијата избран е Марко Вујин.

ПретходноГостивар се засили со досегашен кошаркар на Кожув!
СледноОфицијално: Филип Деспотовски на клупата на Кожув! (ФОТО)