Пол Погба во наредните четири години не може да игра фудбал и тоа поради казната што му беше денеска изречена по допинг – скандалот минатата година во август, по мечот со Удинезе, кога на ѕвездата на Јуве му беа пронајдени забранети супстанци.
Францускиот фудбалер никогаш не призна дека се допингувал, но од денеска, со оглед на годините, тој мора полека да размислува за крај на кариерата, сепек четири години е премногу долг период по кој тој би се вратил на терените.
Со ова се чини се става крај на една голема фудбалска кариера.