Шпанија е вистински предизвик за нашите ракометарки

124

Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра и третиот меч во циклусот квалификации за пласман на Европското првенство 2024.

На домашен терен, избраничките на селекторот Грчевски ја пречекуваат Шпанија, со која во нарените неколку дена ќе ги одиграме и двата меча од овој квалификациски циклус. Македонија во два меча досега обезбеди две пбеди и со една нога зачекори кон нов настап на завршницата на еден континентален собир.

„Шпанија е одлична репрезентација со која можеме да ги одмериме силите. Ќе ставиме фокус на нашата игра бидејќи немаме што да загубиме. По двете победи што ги остваривме, се надеваме на уште еден добар натпревар. Верувам дека ќе имаме голема поддршка од трибините“, вели една од нашите најдобри ракометарки, Сара Ристовска

Денеска хендикеп за Македонија ќе биде отсуството на Сања Дабевска, која е повредена и нема да игра и на двата дуели со Шпанија. По вчерашниот триумф на Азербејџан над Литванија, Македонија во голема мера со една нога зачекори кон ЕП, но сепак останува да ги заврши квалификациите во победнички стил.

Инаку мечот попладнево во СЦ „Борис Трајковски“стартува во 18 часот. Влезот во салата е слободен.

ПретходноДе Хеа во Барселона? Се поверојатна опција
СледноНавивач на Лидс Ј. падна од нависокото ниво на „Стемфорд Бриџ“ додека прославуваше гол (ВИДЕО)