Ајакс пак ќе менува тренер – му дава шанса на помошникот на Клоп

190

Помошникот на Јирген Клоп во Ливерпул, Пеп Линдерс може да седне на клупата на Ајакс од наредната сезона, пренесува холандски „Телеграф“. Холанѓанецот веќе потврди дека го напушта „Енфилд“ по завршувањето на сезоната заедно со Клоп.
Па така тој може да се врати на самостојната тренерска кариера во Ајакс со оглед на тоа дека најтрофејниот холандски клуб размислува да го донесе на „Јохан Кројф арена“.
41-годишниот тренер му се приклучи на Ливерпул во 2014 година, а потоа стана „десна рака“ на Клоп. Претходно работеше како помошник во Порто, а во 2018 година го предводеше НЕЦ но доби отказ откако не успеа да го однесе во Ердивизијата преку плеј-офите.
Ајакс во него гледа нов предводник за наредната сезона, а како друга опција им е искусниот Франк де Бур кој работеше во клубот од 2010 до 2016 година.

Инаку на Ајакс сезонава не му оди добро. Клубот веќе направи неколку тренерски рокади и повторно игра разочарувачки. Моментално тимот го предводи Јон вант Шип, а претходно в.д. тренер беше Хедвигес Мадуро кој го замени Морис Стајн во октомври. А Стајн дојде пред почетокот на сезоната на местото на Џон Хејтинга.

ПретходноДончиќ ја прекина серијата од два порази, Јокиќ со четврти трипл-дабл во низа
СледноРомано: Баер (Л) не може да го задржи Чаби Алонсо