Веќе со недели медиумите пишуваат дека 42-годишниот тренер на Баер (Л), Чаби Алонсо, на лето ќе ги смени клупските бои. Денеска од Германија стигнува информација и за можнат ацена која „фармацевтите“ ќе ја бараат за да го ослободат Шпанецот на крајот на сезоната.
Во моментов се чини дека Баерн е пред Ливерпул во траката за Алонсо, а новинарот на германски „Скај“, Флоријан Платенберг, која е добро упатен во случувањата во локалниот фудбал, тврди дека Чаби повеќе би сакал да работи во Баерн, отколку во Ливерпул. Со оглед на тоа што Шпенцот е со договор во Баер (Л) до летото 2026 година, сумата која баварците или „црвените“ би требало д аја платат за него ќе биде екстремно висока.
Се споменува сума од најмалку 15 милиони евра која „фармацевтите“ ќе ја бараат за да му дозволат да си замине. Некои информации велат дека истата може да оди и до 20 милиони евра, доколку трката за неговиот потпис се засили со интересот и на други европски гиганти.
Наводно, Алонсо има ветување со раководството на Баер дека ќе го пуштат во Баерн или Ливерпул доколку некој од овие клубови се подготвени да ја платат посакуваната сума.