Во неделата во финалето на Карабао Купот, Ливерпул успеа да го победи Челзи и со тоа да го освои овој трофеј, трет по важност во фудбалска Англија на клупски план.
По мечот, односно по завршување на целата церемонија, капитенот Вирџил ван Дајк си го однел пехарот дома.
Како тоа се случило Холанѓанецот имаше свој коментар:
“Кога стигнавме на аеродромот, сите заминаа, останав последен.Па затоа го однесов пехарот во мојот дом. Секако дека се грижев за него а моите четири деца беа многу среќни. Секако дека утредента го однесов на нашиот комплекс на тренинг центарот за да може сите да се фотографираат со него“ истакна Ван Дајк.