Грчевски: И покрај резултатот, јас сум задоволен од играта!

586

Шпанија на дело ја покажа својата сила и воедно покажа зошто е фаворит во групата 5 во која се наоѓа Македонија, во овие квалификации за пласман на ЕП 2025 година. Кристијан Грчевски остана без решение за „фуријата“, немаше оружје со кое можеше да се спречи налетот на противникот.

Иако резултатот, поточно поразот на крајот беше двоцифрен (19-31), тој изјави дека е задоволен од она што го видел денеска на теренот.

„Игравме без притисок, Шпанија е Шпанија, селекција која можеме да научиме нешто и да добиеме. Ова беше шанса девојките да сфатат дека можат да играат, да ја зголемат самодовербата, дека можеме да ги подигнеме нивото погоре, имавме и добри моменти. Курцијални беа последните минути од првото полувреме и почетокот на второто. Сепак не беше лошо, девојките дадоа максимум, и покрај резултатот јас сум задоволен од играта“, изјави по мечот предвоникот на нашиот тим.

Како еден од проблемите кои мора да се подобри за настап на едно големо натпреварување, но и во следните квалификациски дуели, е физичката подготовка.

„Физичката подготовка е на пониска ниво од селекциите што се на врвот. Девојките имаат индивидуална порограма, ќе се прави извештај на неделно ниво, што пак ќе придонесе да се подобри овој дел. Секој играч не смее да чека на собирите, бидејќи тие се кратки и не се доволни“.

Македонија веќе е пред портите на ЕП 2024 година, со четири бода е втора во групата, има уште едно гостување со Шпанија на 03. март, а потоа на последните две средби ќе игра против Азербејџан на гостински терен и против Литванија дома, два противници кои ги совлада на првите средби.

 

ПретходноПрв пораз за ракометарките, Шпанија пресилна (ФОТО)
СледноТоме Китановски кај Илчо Наумоски во Австрија