Де Хеа во Барселона? Се поверојатна опција

242

Барселона се посериозно ја разгледува можноста во својот состав да го доведе голманот Давид Де Хеа, тврди „Мундо Депортиво“. 33-годишниот голман е без тим од летото кога му истече договорот со Манчестер Јунајтед.

Де Хеа имаше неколку понуди за продолжување на кариерата, но засега ги одби сите. Се чини дека тој не брза да избере нов клуб и продолжува да живее со семејството во близина на Манчестер.

Барселона го гледа Де Хеа како одличен избор за втор голман на клубот. Идејата е искусниот Шпанец да дојде како алтернатива за стартерот Марк-Андре тер Штеген.

ПретходноЛирија се врати во топ 4, денеска дерби во Скопје
СледноШпанија е вистински предизвик за нашите ракометарки