Екс-селекторот на Швајцарија на клупата на Алжир

95

Фудбалската федерација на Алжир објави дека Владимир Петковиќ е нов селектор на репрезентацијата. Швајцарецот со корени од БиХ ќе го наследи Џамел Белмади кој доби отказ по неуспехот на Африканскиот куп на нациите.
Петковиќ беше без работа од февруари 2022 година кога го напушти Бордо. Претходно, беше селектор на Швајцарија ги предводеше Лацио, Сион, Јанг Бојс, Лугано…
Со Швајцарија стигна до осминафиналето на ЕП 2016 и на СП 2018, како и до четвртфиналето на ЕП 2020.

ПретходноВан Дајк си го однел дома пехарот во Карабао Купот!
СледноПрв пораз за ракометарките, Шпанија пресилна (ФОТО)