Екс – тренерот на Шкендија со порака до Чаби Алонсо: Остани во Леверкузен, а потоа атакувај на пехарот во ЛШ!

3199

Цел фудбалски свет се прашува и со право, каква одлука ќе донесе сегашниот стратег на Леверкузен Чаби Алонсо, во јуни. Дали ќе се пресели во Баерн Минхен, Ливерпул или во некој друг клуб, или пак ќе остане на “Бај Арената“, што секако дека оваа последна опција е најмалку веројатна.

Денеска за “Билд“, некогашниот фудбалер на Леверкузен, Томас Брдариќ кој пет сезони беше член (1999-2004) на “фармацевтите“, инаку и некогашен тренер на Шкендија во 2017 година, имаше свој коментар.

Секако дека право е на Алонсо да прави што сака, да прифати понуда од Баерн или Ливерпул. Од друга страна јас му порачувам да остане во Леверкузен, клубот да се засили со неколку квалитетни играчи а потоа во следната сезона Чаби Алонсо и Леверкузен да атакуваат кон пехарот во ЛШ“ изјави Брдариќ.

Инаку тој беше дел од тимот на Баер кон не успеа во финалето на ЛШ пред 22 години да дојде до победа над Реал и пехарот во Лигата на Шампионите.

ПретходноКК Кожув се раздели со петтмина, а донесе исто толку нови имиња! (ФОТО)
СледноВан Дајк си го однел дома пехарот во Карабао Купот!