Вчера се одигра некомплетното петто коло од Втората фаза во домашното одбојкарско првенство во машка конкуренција. Во плеј-оф фазата екипата на Лирија со победата од 3:0 над екипата на Весн Пробиштип се враќа во водечката четворка на табелата која ќе се бори за место во разигрувањето. Вечерва во Скопје ќе се одигра дербито меѓу Работнички и Штип УДГ, додека мечот меѓу универзитет во Тетово и Струмица ќе се одигра дополнително.
Во плеј-аут делот, одбојкарите на ГОК Борец извојуваа убедлива победа над Јанта Волеј, додека домашен максимален триумф имаше и за Сушево и за Шкендија.
Прва лига (мажи), Втора фаза-1, 5-то коло
Универзитет во Тетово – Струмица (одложен)
Лирија – Весна Пробиштип 3:0 (25:20, 25:18, 25:21)
Работнички 71&22 – Штип УГД (четврток, 20.00)
ТАБЕЛА ПЛЕЈ-ОФ: 1. СТРУМИЦА (45); 2. Штип УДГ (35); 3. Работнички 71&22 (33); 4. Лирија (29); 5. Универзитет во Тетово (27); 6. Весна Пробиштип (21).
Прва лига (мажи), Втора фаза-2, 5-то коло
Шкендија – Вардар 3:0 (25:14, 25:14, 18:25, 25:6)
Јанта волеј – ГОК Борец 0:3
Сушево – Македонија Џио 3:0 (25:13, 25:13, 25:16)
ТАБЕЛА ПЛЕЈ-АУТ: 1. Шкендија (30); 2. ГОК Борец (24); 3. Сушево (17); 4. Јанта Волеј (11); 5. Вардар (5); 6. Македонија Џио (5).