Македонската младинска селекција до 20 години денеска во Виена на ждрепката за ЕУРО 2024 кое ќе се одржи во Словенија од 10 до 21 јули 2024, за ривали ги доби селекциите на Хрватска, Австрија и Црна Гора.
Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ се групата – А и според она што може да се види добија квалитетни противници, но генерално ова е поволна ждрепка. Ова се селекции со кои можеме да се носиме резултатски.