Навивач на Лидс Ј. падна од нависокото ниво на „Стемфорд Бриџ“ додека прославуваше гол (ВИДЕО)

745

Навивач на екипата на Лидс Ј. падна од највисокото ниво на трибините на „Стемфорд Бриџ“ додека прославуваше едне од двата гола кои неговиот тим ги постигна синоќа на мечот со Челзи во ФА Купот.

Инцидентот се случи во 8. минута, откако напаѓачот на гостите Матео Фернандез го отвори резултатот, а еден од гостинските навивачи падна од горниот дел на трибините додека го прославуваше голот.

Според медиумите, навивачот на гостите веднаш е хоспитализиран. Тој беше изнесен од стадионот на носилки со држач за вратот. Како што е наведено во соопштението на Лидс Ј. , истрагата за инцидентот е започната со учество на службите за итни случаи.

ПретходноШпанија е вистински предизвик за нашите ракометарки
СледноТрансфер бомба во најава: Претставниците на Халанд на средба со спортскиот директор на Барселона!