Хрватската ракометна федерација на прес-конференција денеска го претстави новиот селектор на тамошната репрезентација, Дагур Сигурдсон.
Горан Перковац, кој ј апредводеше Хрватска на последното ЕП е разрешен поради, како што соопшти ХРС, „неуспех на првенството во Германија“. Хрватска таму го освои 11-то место.
„Барав предизвик и авантура, нешто со страст. Сè се собра. Ова е дефинитивно голем предизвик за мене. Со нетрпение го очекувам. Ни претстојат две предизвикувачки недели со многу работа. Ја гледав Хрватска на ЕП. Има многу млади, но и искусни играчи. Предизвикот е да се најде баланс меѓу нив. Амбициозен сум и ентузијаст. Имаме многу работа, но мислам дека ќе завршам добра работа“, изјави Сигурдсон на прес-конференцијата.