По половина век ќе играат полуфинале на Купот на Франција

929

Екипата на Валенсиен се пласира во полуфиналето на Купот на Франција и тоа после точно 54 години! Голем успех на екипата која е при дното во француската Лига 2, но ете успеа да најде пат до полуфиналето на Купот.
Валенсиен во четвртфиналето го елиминира третолигашот Руен по подобро изведување на пенали (1:1 во регуларниот дел, а 2:4 на пенали).
Мора да кажеме дека имаа и лесен пат до полуфиналето, во претходното коло го елиминираа петтолигашот Сен Прис, пред тоа второлигашот Париз, шестолигашот Сарагемин, шестолигашот Мулос и четвртолигашот Агано. Значи на патот ниту еднаш не им се испречи прволигаш.
Во полуфиналето веќе е и Лион. Следните два ривали ќе бидат познати вечерва по дуелите меѓу Ле Пуј Фут (четврта лига) – Рен и ПСЖ-Ница.

ПретходноИнциденти во Билбао пред полуфиналето меѓу Атлетик и Атлетико
СледноЛШ: Магдебург со гол во последна секунда ја совлада Барселона