Браќата Вилијамс го „решија“ Атлетико и му обезбедија на Билбао финале на Купот

454

Атлетик Билбао се пласира во финалето на Копа дел Реј по вечерашниот триумф над Атлетико Мадрид со 2:0. Првиот меч во Мадрид заврши со победа на баскијците од 1:0, а вечерва на „Сан Мамеш“ победија со 2:0 и со вкупни 3:0 одат во големото финале по пауза од три години.
Браќата Ињаки и Нико Вилијамс ги суредија „јорганџиите“ на реваншот. Во 13 минута на асистенција на Нико на прекрасен начин мрежата ја затресе Ињаки. Во 42 минута Ињаки асистент, а стрелец Нико.
Во второто полувреме, во 61 минута Гурузета зголеми на 3:0 и натаму беше многу полесно за домашните.
Во финалето ќе играат Атлетик Билбао и Мајорка. Мајорка со вкупно 2:1 го исфрли Сосиедад (0:0 и 2:1).

ПретходноЕВРОЛИГА: „Стотка“ на Партизан против Ефес, Реал со пораз на свој терен
СледноСе чини дека Чаби Алонсо го одбра новиот клуб, неговата слобода ќе чини до 25 милиони евра!