Барселона се посериозно ја разгледува можноста во својот состав да го доведе голманот Давид Де Хеа, тврди „Мундо Депортиво“. 33-годишниот голман е без тим од летото кога му истече договорот со Манчестер Јунајтед.
Де Хеа имаше неколку понуди за продолжување на кариерата, но засега ги одби сите. Се чини дека тој не брза да избере нов клуб и продолжува да живее со семејството во близина на Манчестер.
Барселона го гледа Де Хеа како одличен избор за втор голман на клубот. Идејата е искусниот Шпанец да дојде како алтернатива за стартерот Марк-Андре тер Штеген.