Дончиќ ја прекина серијата од два порази, Јокиќ со четврти трипл-дабл во низа

173

Шампионот Денвер синоќа славеше над Сакраменто со 117:96, со уште една одлична партија на српскиот центар Никола Јокиќ, кој го забележа својот 124. трипл-дабл во лигашкиот дел од НБА. Денвер на почетокот на втората четвртина губеше со 47:32, но во следните 18 минути направи пресврт и поведе со дури 32 поени разлика.

Јокиќ го забележа четвртиот трипл-дабл во низа, 19-ти од почетокот на сезоната, бидејќи натпреварот го заврши со 14 поени, 14 скока и 11 асистенции за само три четвртини.

Најефикасен кај Нагетс беше Џамал ​​Мареј со 32, а Арон Гордон додаде 17.

Далас го победи Торонто на гости со 136:125, предводен од Лука Дончиќ, кој на својот 25-ти роденден го забележа својот 11-ти трипл-дабл сезонава. Натпреварот го заврши со 30 поени, 16 асистенции и 11 скока. Кајри Ирвинг постигна 29 поени, додека Пи Џеј Вашингтон постигна 23.

Минесота го задржа водството во Западната конференција откако беше подобра од Мемфис како домаќин со 110:101. Ентони Едвардс постигна 17 од своите 34 поени во третата четвртина, а Наз Рид додаде 19 поени од клупата.

Лос Анџелес Лејкерс надмина негатива од 21 поен и победи против Лос Анџелес Клиперс со 116:112, предводени од Леброн Џејмс кој постигна 34 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Индијана – Њу Орлеанс 123-114

Торонто – Далас 125-136

Чикаго – Кливленд 132-123 (прод.)

Минесота – Мемфис 110-101

Денвер – Сакраменто 117-96

ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 112-116

ПретходноАнгеловски: За да се победи Алборг треба да дадеме 100% од нашите можности
СледноАјакс пак ќе менува тренер – му дава шанса на помошникот на Клоп