Кошаркарите на Партизан го совладаа Ефес со 100:90 во Белград во меч од 27.коло на Евролигата. Па така „црно-белите“ се наоѓаат на 10. место со 13 победи и 14 порази, додека Ефес е 14-ти со скор 11-16.
Најефикасен кај Партизан беше Алекса Аврамовиќ со 30 поени, два скока и три асистенции, а го следеше Зек Ледеј со 21 поен и осум скокови. Кевин Пантер постигна 16 поени, а двоцифрен беше и Данило Анѓушиќ со 15 поени.
Кај Ефес, најефикасен беше Вил Клајбурн со 17 поени. Двоцифрени беа уште Тибор Плаис со 13 и Шејн Ларкин со 11 поени.
А лидерот Реал Мадрид го доживеа вториот пораз по ред, вечерва од Мадрид со победа си замина Панатинаикос кој сега е трет на табелата. Грците славеа со 97:86.
Најефикасен на мечот беше Лесор со 26 поени кај Панатинаикос, а кај Реал најмногу поени постигна Јабуселе (18 поени).
На другите натпревари: Алба – Макаби Т.А. 71:106, Виртус Болоња – Валенсија 87:74.