Мајката на Мбапе е во Мадрид, му бара куќа за вселување

557

Мајката на Килијан Мбапе допатувала во Мадрид, каде треба да ја „верификува“ преселбата на младиот Францизин во дресот на Реал (М).

Според „Релево“, Фаиза Ламари, која ги застапува интересите на Мбапе, последните неколку дена ги поминала во Мадрид заедно со други претставници од најтесниот круг на играчот.

Една од целите на патувањето била да се најде дом за Килијан. Семејството и придружбата на играчот се сместиле во областа Ла Моралеја, која се наоѓа на пет минути возење од клупската база на Реал Мадрид.

Исто така, се тврди дека за време на патувањето, мајката на Мбапе разговарала и за последните детали од договорот на напаѓачот со Реал Мадрид.

ПретходноДа се смрзнеш: Леброн, Кари, Дурент, Ембид, Тејтум…ова е стартната “петорка“ на САД за ОИ во Париз! (ФОТО)
СледноМурињо: Само еднаш во мојата кариера сум плачел после натпревар!