Иако на дел од фудбалската јавност Жозе Мурињо не и е премногу симпатичен, сепак мора да се признае дека како тренер го одбележа фудбалот во овој век. Многу освоени трофеи, тренер на Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Рома, тренер кој и тоа како знае фудбал.
Деновиве во една своја изјава на прашањето кога бил, односно по кој меч бил најтажен или пак плачел, „Специјалниот“ веднаш одговори:
“Во мојата тренерска кариера само еднаш сум плачел после натпревар. А тоа беше во 2012 кога во ЛШ бевме поразени на пенали од Баерн Минхен на `Сантијаго Бернабеу`. Јасно е дека не плачев на теренот или во соблекувалната туку во автомобилот со кого си одев дома. Бев сам и бев неутешен, просто липав што се вели. Во тој момент ми се јави менаџерот Жорге Мендеш и ми рече веднаш да одам кај Кристијано Роналдо зошто тој бил `скршен` по таа елиминација. Секако дека отидов и колку толку го утешив тогаш мојот фудбалер“ посочи Мурињо.