Прв пораз за ракометарките, Шпанија пресилна (ФОТО)

511

Македонската женска ракометна репрезентација го запиша првиот пораз во квалификациите за Европското првенство 2024 година. На домашен терен избраничките на Кристијан Грчевски беше совладани од фаворитот во нашата група, Шпанија со 19-31.

Овој резултат не го менува фактот дека „црвено-жолтите“ се на чекор до пласман на континенталното натпреварување, особено по поразот на Литванија од Азербејџан.

Сара Ристовска со шест гола од осум обиди беше прв стрелец, зад неа беше Кипријановска со четири погодоци.

Нашите ракометарки имаа добри моменти во првото полувреме, но тие беа кратки. Шпанија поведе со 2-6, но ние брзо се вративме во игра со головите на Ристовска, Гичевска и Саздовска. Имавме шанса да изрманиме, но Македонија во следните два напади направи две технички грешки. Ова го казни Шпанија и набрзина поведе со плус три (5-8), а потоа полека ја зголемуваше позитивата која во еден момент пред одморот беше плус 7 (10-17). На одморот резултатот беше 11-17.

После девет минути игра во второто полувреме, Македонија го постигна првиот гол преку Ристовска за 12-23. Шпанија лесно ја пробиваше нашата одбрана, а избраничките не Грчевски беа во грч. Нешто подоцна заиграа подобро, но веќе беше доцна бидејќи противникот беше влезен во силен ритам. На крајот нашите девојки во второто полувреме постигнаа осум гола, премалку за еден противник како што е Шпанија.

Македонија и Шпанија на 3-ти март повторно ќе се сретнат, но на теренот на „фуријата“.

ПретходноЕкс-селекторот на Швајцарија на клупата на Алжир
СледноГрчевски: И покрај резултатот, јас сум задоволен од играта!